Шпанските медиуми на големо пишуваат дека Флорентино Перез и управата на се подготвуваат за нова ера без тренерот . Италијанскиот стратег е под голем притисок поради лошите резултати, а како потврда за тоа беше и убедливиот пораз од во Лигата на шампионите (1-3). Се шпекулира дека Перез нема веднаш да го отпушти Анчелоти и ќе му даде уште една шанса да го стабилизира тимот, што значи дека би го предводел Реал до крајот на оваа сезона.
Фудбалерите на Реал Мадрид примија 9 голови на последните три натпревари и тоа јасно покажува дека нешто не е во ред во редовите на актуелниот европски шампион.
Реал Мадрид доживеа два порази по ред на Сантијаго Бернабеу, по дебаклот од Барселона, синоќа и Милан му ја зема мерката на кралот победувајќи го со 3-1. Тимот на Анчелоти на последните два натпревари дома прими дури седум голови, ги загуби и двата.