Фудбалерите на Барселона остварија важна и убедлива победа на стадионот „Рајко Митиќ“ против Црвена Звезда во Лигата на шампионите и на тој меч соборија клупски рекорд стар повеќе од 70 години.
Барселона има одлични резултати под водство на германскиот стратег Ханси Флик, а тоа го потврди со триумфот против Црвена Звезда од 5-2 во Лигата на шампиони (ЛШ). Каталонскиот гигант во првите 16 натпревари оваа сезона постигна дури 55 голови, и тоа за првпат во нивната историја.