Фудбалерот на Манчестер Сити, Родри, освоил 41 глас повеќе од второпласираниот играч на Реал Мадрид, Винисиус, при доделувањето на Златната топка, објави денеска италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Гала церемонијата на доделување на Златната топка на најдобриот играч во претходната сезона се одржа на 28 октомври во Париз, а точниот број на освоени гласови поединечно не беше веднаш достапен.