Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“, во соработка со „Зегин“, Здружението на педијатри на Македонија и здружението „Во мојот свет“ објави дека претстојниот Меѓународен конгрес за аутизам и АДХД ќе биде достапен за следење во живо онлајн.
Фондацијата Д-р. Верица Механџиска, во соработка со Зегин, Здружението на педијатри на Р. Македонија и здружението “Во мојот свет” објави дека претстојниот Меѓународен конгрес за аутизам и АДХД ќе биде достапен за следење онлајн, во живо.Конгресот, кој ќе се одржи во хотелот Лимак од 13 до 15 ноември, ќе обедини врвни домашни и меѓународни експерти од САД, Русија, Шпанија, Финска, Турција, Велика Британија, Швајцарија, Србија, Хрватска и Косово, кои ќе придонесат со уникатни сознанија за аутизмот и АДХД.