Португалскиот стратег, Рубен Аморим, синоќа за последен пат го предводеше Спортинг од клупата, а на збогувањето со клубот во кој се етаблираше како тренер забележа победа над Брага (4-2), по лудиот пресврт во вториот дел.
Спортинг до овој натпревар имаше нереален настап во сите натпреварувања, десет последователни победи во домашната лига и десет од максималните 12 бода во Лигата на шампионите, што беше доволен мотив за Брага, каде што работеше новиот тренер на Манчестер Јунајтед пред да се пресели во Лисабон.