Раководството на Рома, како што јавуваат италијанските медиуми, разгледува список со имиња на десет кандидати за тренерското место кое остана празно, откако римскиот клуб вчера му врачи отказ на хрватскиот стратег Иван Јуриќ.
Меѓу фаворитите за нов тренер на Рома се Масимилијано Алегри и Роберто Манчини, но постои опција и за враќање на поранешниот тренер на „волците“ Руди Гарсија, пишува „Кориере дело Спорт“.