Дарко Чурлинов пристигна во одлична форма на подготовките за натпреварите во Лигата на нации, каде Македонија на домашен терен ќе ги пречека селекциите на Летонија и на Фарските Острови.
Дарко Чурлинов, по отсуството на претходниот октомвриски собир поради повредата, сега повторно се враќа во македонската репрезентација за последните два натпревари од Лигата на нациите против Летонија, и против Фарските острови во Скопје.