Англиската фудбалска репрезентација во завршниот дел од групната фаза од Лигата на нации влегува без девет клучни играчи, кои инаку би биле на списокот на привремениот селектор Ли Карсли.
Меѓу играчите кои ги откажаа настапите се Трент Александер-Арнолд, Кол Палмер, Фил Фоден, Џек Грилиш, Букајо Сака, Деклан Рајс, Арон Рамсдејл, Леви Колвил и Џарад Брантвејт.