Крилниот напаѓач на Наполи, Квича Кварацхелија е сè поблиску до трансфер во Барселона, јавија денеска италијанските медиуми.
Весникот „Ла Република“ објави дека раководството на каталонскиот гигант веќе стапило во контакт со грузискиот фудбалер и со Наполи.
Според истиот извор, се очекува да биде постигнат договор по завршување на оваа сезона, а трансферот ќе изнесува околу 80 милиони евра.
Медиумите во Италија наведуваат дека грузискиот репрезентативец ја претпочита Барселона пред другиот кандидат за неговиот потпис, ПСЖ, бидејќи во каталонскиот тим гледа поголем потенцијал за освојување големи трофеи. Republika
Неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес за Грузиецот, но Наполи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и сака да го продолжи договорот.
Меѓутоа, Кварацхелија бара од раководството плата од осум милиони евра по сезона за да го потпише новиот договор. Sportski
Грузиецот и оваа сезона го потврди својот потенцијал, па силен интерес за него покажува ПСЖ, а сега во трката за потписот се вклучи и Барселона.
Барса сака следното лето да доведе една голема ѕвезда во нападот, а најново име на списокот е токму Кварацхелија Наполи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и сака да го продолжи договорот, но преговорите се во застој. Sportski
Францускиот фудбалер Пол Погба во март повторно ќе се врати на теренот откако ќе му заврши суспензијата, а како слободен агент ќе може да бара нов тим за неговата иднина.
Пол Погба не е повеќе дел од Јувентус, откако двете страни ја прекинаа соработката после допинг скандалот.
Фудбалската репрезентација на Аргентина го доживеа и третиот пораз во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Репрезентацијата на Аргентина на гости кај Парагвај ќе ги продолжи квалификациите за Светскот опрвенство, а пред овој натпревар на еден необичен потег се одлучија од редовите на домаќините.
Италијанскиот фудбалски стручњак Клаудио Раниери денеска беше назначен за нов тренер на Рома и на оваа функција ќе биде до крајот на сезоната.
Клаудио Раниери од денеска и официјално е нов тренер на Рома.
Руд Ван Нистелрој го предводеше Манчестер јунајтед на неколку натпревари по отказот на Ерик Тен Хаг, по што се очекуваше да остане и да му помага на новиот стратег Рубен Аморим, меѓутоа такво нешто нема да се случи.
Некогашниот португалски репрезентативец, Фабио Коентрао е убеден дека Манчестер јунајтед направил одличен потег со доведувањето на Рубен Аморим.
Незаменливиот чувар на голот на Македонија сезонава нема клупски настапи, но затоа за репрезентација нема примен гол на последните четири средби.
Македонскиот голман, Столе Димитриевски по вчерашниот натпревар против Летонија испрати порака за настраданите од поплавите во Валенсија, градот каде што тој игра.