На 22 декември, на вонредно собрание, Фудбалската федерација на Македонија ќе бира наследник на Сејдини по неговата денешна оставка.
Онака како што беше најавено изминатиов период, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини веднаш по завршувањето на двата ноемвриски натпревари од Лигата на нации, вечерва пред Управниот одбор на ФФМ одлучи да се повлече од претседателската функција на федерацијата.
Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Муамед Сејдини кој вечерва поднесе оставка, ги кажа причините за неговото повлекување од функцијата.