Сејдини оставката ја доставил пред Управниот одбор, чие мнозинство пред 20 дена, повика на итен состанок за разгледување на состојбите во македонскиот фудбал.
Мандатот на Сејдини траеше до март 2025 година кога се очекуваше редовно изборно собрание на ФФМ, но по повлекувањето, сега е одлучено Вонредно Изборно Собрание да се одржи на 22 декември. Republika
Сејдини, веднаш по триумфот над Фарските острови, попладнево и на македонските репрезентативци на арената „Тодор Проески“ им ја соопшти веста дека се повлекува од претседателската функција на ФФМ.
Управниот одбор закажа Вонредно изборно собрани за претседател на Фудбалската федерација на 22 декември годинава. Plusinfo
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини веднаш по завршувањето на двата ноемвриски натпревари од Лигата на нации, вечерва пред Управниот одбор на ФФМ одлучи да се повлече од претседателската функција на Федерацијата. Denesen
Оставката била доставена пред Управниот одбор, чие мнозинство пред 20 дена, побара итен состанок за разгледување на состојбите во македонскиот фудбал.
По оставката на Сејдини, делегатите на ФФМ ќе одржат вонредно Изборно собрание на 22 декември. Novamakedonija
ФФМ наскоро се очекува официјално да ја потврди оставката на Сејдини.
Во меѓувреме, како вршител на должност претседател ќе биде назначен Лазар Ракиџиев, додека новиот претседател ќе се избере на Изборно собрание на ФФМ. Netpress
На седницата попладнево веднаш по натпреварот меѓу Македонија и , Управниот одбор го направи очекуваното, ја прифати оставката на Сејдини чиј мандат секако истекуваше во март.
Исто така, закажано е и изборното собрание за 22 декември и на него се очекува да биде изгласан новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Gol