Полскиот напаѓач, Роберт Левандовски и денеска како фудбалер на Барселона важи за еден од најдобрите во светот, а призна дека во 2012 година можел да го облече дресот на Манчестер јунајтед.
Во кариерата Левандовски настапуваше уште за Борусија Дортмунд и Баерн и во таа 2012 година постигнал договор со „црвените ѓаволи“, но трансферот го спречил неговиот тогашен клуб.