Ханси Флик нема да може да смета на Ламин Јамал ниту по завршувањето на репрезентативната пауза, откако крилниот офанзивец не успеа целосно да ја санира повредата поради која не настапи за Шпанија во ноемврискиот репрезентативен прозорец.
Јамал се повреди неколку дена пред репрезентативната пауза, не настапи на мечот со Реал Сосиедад што Барселона го загуби, но тренерот Флик се надеваше дека клучниот играч ќе биде назад во тимот по паузата.