Фудбалерите на Шведска синоќа во последното коло од Лигата на нации го совладаа Азербејџан со резултат 6:0, а победата на скандинавската селекција можеше да биде поубедлива да не беше скандалозната одлука на судиите во ВАР собата во последните моменти од првото полувреме.
Крајно изненадувачка ситуација на синоќешниот натпревар меѓу Шведска и Азербејџан во Лигата на нациите, на кој Швеѓаните славеа со убедливи 6-0. Во финишот на првото полувреме Александер Исак погоди по додавање од Ѓокереш, меѓутоа ВАР собата јави недозволена позиција.