Матео Беретини го најави триумфот, а Јаник Синер го потврди големиот успех во финалето на Дејвис Купот, каде што репрезентацијата на Италија славеше против селекцијата на Холандија, пренесе Спорт1.мк. Беретини го освои првиот поен за Италија, откако славеше со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-2 против Ван Де Зандшлуп.
Светскиот тениски рекет број еден Јаник Синер му помогна на бранителот на титулата Италија да се пласира во полуфиналето на екипниот тениски турнир Дејвис куп, неофицијалното светско екипно првенство за мажи, кое се одржува во Малага, Шпанија.