Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека за време на репрезентативната пауза, Килијан Мбапе, кој не беше повикан во репрезентацијата на Франција, добро тренирал и ја подобрил својата состојба.
Францускиот напаѓач Килијан Мбапе оваа сезона настапи на 16 меча за Реал Мадрид, а притоа постигна осум голови и две асистенции, а многумина го критикуваат и сметаат дека сè уште не се прилагодил на новиот тим.