Аталанта игра неверојатен фудбал во последно време, а тоа го потврди и на гостувањето кај Јанг Бојс во Лигата на шампионите со триумф од 1-6. Тимот на Џанпјеро Гасперини блесна во Швајцарија, Де Кетеларе и Ретеги дадоа по два гола, Колашинац стрела еднаш, а точка на победата стави Лазар Самарџиќ.
Српскиот фудбалер кој настапува за Аталанта, Лазар Самарџиќ постигна прекрасен гол на гостувањето кај Јанг Бојс за победа од 6-1. Натпреварот одамна беше решен, а Самарџиќ во 90. минута во стилот на Меси издрибла неколку фудбалери на домаќините, на еден елегантно му ја протна меѓу нозе, па постигна гол.