Поранешниот италијански шампион Милан славеше на гостувањето кај Слован Братислава со 3-2, додека Атлетико Мадрид ја прегази Спарта Прага со 6-0 во петтото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ). Кристијан Пулишиќ во 21. минута ја затресе мрежата на Слован за водство од 1-0 на „росонерите“, но потоа една грешка на гостите беше казнета од страна на екс-вардарецот Тигран Барсегјан кој го претрча речиси цел терен и го матира Мајк Мењан.
Атлетико Мадрид и Милан забележаа гостински победи во Лигата на шампиони против Спарта Прага односно Слован Братислава.