Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах по натпреварот против Саутемптон откри дека никој од клубот од Енфилд се уште не му понудил продолжување на соработката и тоа не го крие, а освен тоа одлучил и да разговара со новинари во микс зоната по натпреварот, нешто што не го направил пет години.
Мо Салах одново блесна за Ливерпул носејќи им на „црвените“ победа во средбата против Саутхемптон, победа која ги доведе до предност од осум бода на врвот на табелата во Премиерлигата.