Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, беше презадоволен од победата на неговиот тим на гостувањето кај Јанг Бојс (1-6) во петтото коло од Лигата на шампионите.
Српскиот фудбалер кој настапува за Аталанта, Лазар Самарџиќ постигна прекрасен гол на гостувањето кај Јанг Бојс за победа од 6-1. Натпреварот одамна беше решен, а Самарџиќ во 90. минута во стилот на Меси издрибла неколку фудбалери на домаќините, на еден елегантно му ја протна меѓу нозе, па постигна гол.