Фудбалерот на Аталанта, Шарл де Кетеларе вчера влезе во одбрано друштво во Лигата на шампионите откако учествуваше во постигнувањето на пет гола во победата на неговиот тим над Јанг Бојс со 6-1. Белгискиот репрезентативец постигна два и асистираше за уште три гола на Аталанта и им се придружи на Лионел Меси, Луиз Адријано и Ерлинг Халанд кои досега го држеа рекордот во Лигата на шампионите со тоа што тие немаа асистенции, туку постигнаа по пет гола на еден меч.
Српскиот фудбалер кој настапува за Аталанта, Лазар Самарџиќ постигна прекрасен гол на гостувањето кај Јанг Бојс за победа од 6-1. Натпреварот одамна беше решен, а Самарџиќ во 90. минута во стилот на Меси издрибла неколку фудбалери на домаќините, на еден елегантно му ја протна меѓу нозе, па постигна гол.