И покрај притисокот по поразот од Ливерпул (2-0) на „Енфилд“, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, останува уверен во иднината на својот тим.
Реал Мадрид не личи на тимот кој лани триумфираше во шпанското првенство и Лигата на шампионите за што во голем дел се „заслужни“ повредите на главните играчи.