Стручните служби на администрацијата на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска со допис до претседателот на Советот Трајко Славески, го информираат дека „заклучок гласан без кворум, со присуство на само 19 советници во салата на Советот, не може да се смета за донесен“ и, како што велат „нема да учествуваат во изготвување на незаконски акти кои се спротивни на позитивните законски прописи“.
Приватните превозници денеска нема да возат низ скопските улици, но се надеваат дека од понеделник ќе се вклучат во сообраќај.
Имаш моја поддршка да се стави точката на приватните превозници на дневен ред.
“Совет на град Скопје по петчасовна расправа на итна вонредна седница со мнозинство гласови донесе заклучок со кој се задолжува градоначалникот Арсовска во најкус можен рок, по можност во текот на денешниот ден, 29 ноември 2024 година, да предложи измени и дополни на одлуката за исплата на приватните превозници, со конкретни насоки”, вели Трајко Славески, претседстел на Советот и додава: Иако како Претседател на Совет замолив Сектор за поддршка на Совет, кој е дел од градската администрација, да го подготви заклучокот за потпис и проследување до градоначалникот Арсовска во рок од половина час по завршување на седницата, тоа не е направено ниту по час и половина од посочениот рок.