Екипата на Милан продолжи да игра во добра форма и со рутинска победа над Емполи (3-0) ја прекина низата од две ремија во калчото. Gol
Италијанскиот гигант Милан им се врати на победите во Серија А, откако вечерва славеше со 3-0 против Емполи на „Сан Сиро“ во 13. коло од шампионатот.
Алваро Мората беше стрелец на првиот гол за „росонерите“ во 19. минута од средбата, додека Тијани Рејндерс стрелаше во 44. и 69. минута за победа од 3-0. Милан во моментов има 22 бодови на седмата позиција во Серија А, односно седум помалку од лидерот Наполи. Sport1