Фудбалерот на Манчестер Сити, Родри, и Винисиус Жуниор од Реал Мадрид се меѓу номинираните за најдобрите играчи во 2024 година во изборот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Како што денес соопшти ФИФА, меѓу номинираните за наградата „The Best“ се претежно играчи кои настапуваат за Реал Мадрид, Манчестер Сити, Барселона и Баер Леверкузен, а единствениот кандидат кој не игра во Европа е Лионел Меси од Интер Мајами и Аргентинецот е најголемото изненадување бидејќи не оствари некој посебен индивидуален успех во изминатата година..
Родри од Манчестер Сити и Винисиус Јуниор од Реал Мадрид се меѓу номинираните за најдобар светски фудбалер во 2024 година во избор на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Како што соопшти денеска ФИФА, меѓу номинираните за наградата „The Best Fifa Football Awards“ се и Дани Карвахал (Реал Мадрид), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Федерико Валверде (Реал Мадрид), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен), Џуд Белингем (Реал Мадрид), Килијан Мбапе (ПСЖ/Реал Мадрид), Ламин Јамал (Барселона) и Тони Крос кој играше за Реал Мадрид, но ја заврши кариерата на крајот од минатата сезона.