Општинскиот фудбалски сојуз на Свети Николе на вонредно собрание одржано синоќа ја поддржа кандидатурата на Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Кандидатурата на 55 – годишниот Омерагиќ беше едногласно поддржана со 16 гласови на состанокот во Свети Николе. Kanal5
Јавна поддршка Омерагиќ да биде избран за нов претседател на ФФМ изминатиот период доаѓа од многу познати поранешни македонски фудбалери, предводени од Горан Пандев, Илија Најдоски, Агим Ибраими, Гоце Седлоски и Ѓорги Христов.
Вонредното изборно собрание на ФФМ е закажано за 22 декември. Skopjeinfo
На денешното Вонредно годишно собрание на ОФС Свети Николе, со едногласна одлука на делегатите со 16 гласа ЗА, како предлог за Претседател на ФФМ овој го предложи Масар Омерагиќ., чија кандидатура сега добива официјален статус.
Омерагиќ се очекува да биде единствен кандидат на престојното Изборно Собрание по повлекувањето на Муамед Сејдини од претседателската функција на 17. ноември. Ekipa