ФИФА го објави списокот со номинации за признанието за најдобар играч за 2024 година во изборот на Светската куќа на фудбалот – „НАЈДОБРИОТ“.
Родри од Манчестер Сити и Винисиус Јуниор од Реал Мадрид се меѓу номинираните за најдобар светски фудбалер во 2024 година во избор на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Како што соопшти денеска ФИФА, меѓу номинираните за наградата „The Best Fifa Football Awards“ се и Дани Карвахал (Реал Мадрид), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Федерико Валверде (Реал Мадрид), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен), Џуд Белингем (Реал Мадрид), Килијан Мбапе (ПСЖ/Реал Мадрид), Ламин Јамал (Барселона) и Тони Крос кој играше за Реал Мадрид, но ја заврши кариерата на крајот од минатата сезона.