Камбекот на Елиф Елмас во турскиот фудбал повторно е актуелен во оваа земја, од каде пристигнуваат информации дека македонскиот „дијамант“ дал начелна согласност за камбек во редовите на Фенербахче.
Елмас како тинејџер имаше одлични настапи за Фенер пред да се пресели во редовите на Наполи, но откако епизодата во Лајпциг се покажа како крајно неуспешна, сега Елиф сериозно размислува да се врати назад во клубот каде беше ценет, но и имаше извонредна врска со најверните навивачи.