Раководството на Рома сака да назначи Италијанец за главен тренер на тимот, а главни кандидати се актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, поранешниот стратег на Јувентус Масимилијано Алегри и селекторот на турската репрезентација и поранешен напаѓач на римскиот прволигаш Винченцо Монтела, објави денеска новинарот Анџело Манџианте.
Во 2024 година, Рома имаше четворица тренери, а по оваа сезона на клупата ќе седне ново име.