Поранешен фудбалер на Манчестер Сити е новиот претседател на Грузија.
Поранешниот фудбалер Михаил Кавелашвили денеска во парламентот е избран за претседател на Грузија, со мнозинство гласови на комисијата, која е составена од 300 членови на парламентот и локалните власти, пренесе АП. Кавелашвили лесно ги освои гласовите со оглед на тоа што владејачката партија Грузиски сон го контролира изборниот колеџ со 300 места, кој ги замени директните претседателски избори во Грузија за прв пат од 2017 година, според американската агенција.