Саудиска Арабија ја доби организацијата за Светското фудбалско првенство во 2034 година, а слично како и во Катар и на овој Мундијал ќе нема точење на алкохол.
Одлуката на ФИФА, Светското првенство во 2034 година да се одржи во Саудиска Арабија наиде на серија критики од фудбалската јавност, пред се поради кршењето на човековите права во оваа земја, но и поради зимскиот термин кој го нарушува календарот.