Фудбалерот на Монако, Вилфред Синго му се извини за опасниот старт на голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума, кој се здоби со бројни расекотини и повреди на лицето.
Голманот на Пари Сен Жермен и капитен на италијанската репрезентација Џанлуиџи Донарума се огласи на социјалните мрежи по повредата на лицето што ја здоби за време на натпреварот со Монако.
Дербито на француското првенство се игра вечерва во Монако каде истоимениот тим се среќава со ПСЖ, а по првото полувреме резултатот е 1-0 за гостинскиот тим.