Сериозни промени во играчкиот кадар планираат од Манчстер Јунајтед за следната година, во која новиот менаџер Рубен Аморим планира креација на нов тим кој ќе го врати клубот на врвот во Премиерлигата.
Во обид да го засили средниот ред, менаџментот и стручниот штаб на Манчстер Јунајтед ги разгледуваат сите опции кои им се достапни, а изборот, како што тврдат во Шпанија, паднал на фудбалерот на Сосиедад.