Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин му го честиташе изборот на Масар Омерагиќ за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин му го честиташе денеска изборот на Масар Омерагиќ за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Поранешниот фудбалер на Слога Југомагнат и Вардар, и долгогодишен спортски работник, 51-годишниот Омерагиќ во неделата беше избран со акламација за прв човек на македонскиот фудбал, наследувајќи го Муамед Сејдини.