Новак Ѓоковиќ продолжува со импресивниот настап на турнирот во Бризбејн, совладувајќи го францускиот тенисер Гаел Монфис со убедливи 2-0 во сетови (6-3, 6-3). Српскиот ас, кој се смета за еден од најдобрите тенисери во историјата, со оваа победа ја потврди својата доминација над Монфис, кого го има поразено во сите 20 меѓусебни дуели во кариерата.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (АТП – 7.) на стартот од новата сезона го совлада Австралиецот Ринки Хиџиката (АТП – 73.) со 6:3, 6:3 и со победа во првото коло на АТП турнирот 250 во Бризбејн ја почна соработка со неговиот нов тренер Енди Маре Ѓоковиќ (37) не се соочи со ниту една „брејк“ топка во текот на 75-минутниот дуел, а со еден одземен сервис во првиот и два во вториот сет оствари убедлива победа.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ оствари уште една победа на турнирот во Бризбејн, откако го прегази Гаел Монфис со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-3. Ѓоковиќ одигра уште еден одличен натпревар против „стариот пациент“ и го совлада по 20. пат во кариерата, односно оствари триумф на секој од дуелите кога се сретнаа во кариерата.