Американскиот тенисер Рајли Опелка обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн каде ќе игра против најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓокови.
Новак Ѓоковиќ продолжува со импресивниот настап на турнирот во Бризбејн, совладувајќи го францускиот тенисер Гаел Монфис со убедливи 2-0 во сетови (6-3, 6-3). Српскиот ас, кој се смета за еден од најдобрите тенисери во историјата, со оваа победа ја потврди својата доминација над Монфис, кого го има поразено во сите 20 меѓусебни дуели во кариерата.