Барселона успеа да ги обезбеди потребните финансиски средства за регистрација на фудбалерите Дани Олмо и Пау Виктор, но наиде на нова пречка, бидејќи Ла Лига не е подготвена да даде „зелено светло“ за нивното внесување во регистарот на играчи.
Неколку шпански клубови денеска ја информирале Ла Лига дека ќе почнат судска постапка и ќе бараат прекин и анулирање на првенството ако биде прифатено барањето на Барселона за регистрација на Дани Олмо и Пау Виктор.
Каталонскиот гигант Барселона не најде решение да го регистрира Дани Олмо за вториот дел од сезоната, а то го разочара Шпанецот кој денеска на тренинг покажал дека не му се допаѓа ситуацијата во која се наоѓа.
Агентот на Дани Олмо, Енди Бара проговори за ситуацијата на својот клиент кој не може да биде регистриран од страна на Барселона поради финансиските проблеми на каталонскиот клуб.