Иако Барселона вчера преку доверливи извори, но без официјално соопштение, потврди дека ги решила сите проблеми, денес пристигна демант!
Фудбалскиот клуб Барселона ќе поднесе барање преку шпанското државно регулаторно тело за спорт за дозвола за Дани Олмо и Пау Виктор да продолжат да играат за каталонскиот клуб, откако нивните регистрации беа одземени, изјави во саботата менаџерот на Барселона . „Ќе поднесеме жалба до Вишиот совет за спорт (CSD)“, потврди во телефонска изјава за хрватската новинска агенија Hina, портпаролот на каталонскиот клуб Ксавиер Серано.