Столе Димитриевски беше во главна улога на вчерашниот дуел меѓу Валенсија и Реал Мадрид.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор се соочува со долга дисквалификација поради исклучувањето на синоќешниот натпревар од 12. коло на шпанското првенство против Валенсија (2:1). Во 79. минута Бразилецот го турна македонскиот голман Столе Димитриевски и доби црвен картон, а по исклучувањето вербално ги нападна судиите.