Фудбалерите на Јувентус останаа непоразени и по 20. коло во италијанската Серија А, но и повторно избраниците на Тијаго Мота не победија и ремизираа со градскиот ривал Торино (1-1). Јувентус подобро го започна натпреварот и во почетните минути создаде неколку прилики и една од нив искористи Кенан Јилдиз.
Фудбалерите на Торино и Јувентус одиграа нерешено 1:1 во градското дерби на Торино, кое беше одиграно во рамките на 20-тото коло на италијанската Серија А. Јуве поведе со голот на Кенан Јилдиз во осмата минута, а конечниот резултат го постави Никола Влашиќ во 45+2. “Старата дама” на четвртото место има 33 бодови и е далеку од борба за Скудето, а ова е нејзино шесто нерешено во последниот седум натпревари во лигата.