Енис Барди стана слободен играч откако доби раскин на договорот со Трабзонспор, па македонскиот репрезентативец сега може без никаква отштета да ги смени клупските бои и да се пресели во тим каде што ќе може да ги покаже своите квалитети.
Барди неколку месеци беше изолиран од првиот тим и тренираше индивидуално, неговиот тим резултатски продолжи да тоне, а управата конечно се договори со македонскиот репрезентативец околу исплатата на парите што му се должеа, па Барди во овој јануари е слободен играч за да ја избере следната дестинација во кариерата.