На доминацијата на Манчестер Сити во Премиерлигата и се ближи крај по лошата сезона кој ја имаат „граѓаните“ и огромниот пад во играта со само трите забележани победи на последните 12 одиграни средби.
Последното разочарување дојде на средбата против Брентфорд, натпревар кој заврши со реми од 2-2. Ѕвездата на Манчестер Сити, најдобриот фудбалер за минатата сезона во елитниот шампионат на Англија, Фил Фоден е свесен за ситуацијата во која се наоѓа неговиот клуб.