Лондонскиот фудбалски великан Арсенал одигра само нерешено 2:2 (1:0) со Астон Вила на својот стадион „Емирати“ во рамктие на 22. коло од англискиот фудбалски шампионат.
Екипата на Арсенал направи нов чекор назад во битката со лидерот Ливерпул за тронот во англиската елита, затоа што пред својата публика освои само бод во пресметката против Астон Вила (2-2). „Топџиите“ имаа предност од два гола и делуваше дека чекорат кон победата, но наивно во осум минути ја испуштија и му дозволија на ривалот со бод да си замине од „Етихад“.