Манчестер Јунајтед го претрпе 10-от пораз во 22. коло од англиската Премиер лига, откако загуби од Брајтон на „Олд Трафорд“ со 3-1. Избраниците на Рубен Аморим им нанесоа ново разочарување на своите навивачи, а португалскиот тренер даде своја изјава по натпреварот.
Рубен Аморим беше многу незадоволен после поразот на Манчестер Јунајтед од Брајтон и искрено кажа дека тимот одиграл катастрофално, упатувајќи извинување до навивачите.