Тотенхем со важна победа од 2-3 на гостувањето кај Хофенхајм дојде на чекор од осминафиналето во Лига Европа.
Мадисон и Сон во првото полувреме донесоа водство на Тотенхем од 2:0, а потоа домаќините со погодок во 68 минута намалија на 1:2. Следуваше нов погодок на Сон за 3:1, а Хофенхајм во завршницата даде втор погодок кој на крајот не беше доволен за спас од пораз.