Претседатело на ЗНАМ, Максим Димитриевски во вечерашното гостување во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 вели „вчера купував еден производ во една продавница тука во Скопје, правосмукалка и отидов на рафтот, викам сега да не ми излезе Артан Груби од рафтот“.
Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски денеска изјави дека усвојувањето на Платформата за национално единство и е потребно на државава и оти има разговарано со претставници на политички партии за нејзино усвојување, но оти прецизни разговори би се случиле на ниво на делегации на партиите.