Иако зимава веќе потроши 152 милиони евра на засилувања, менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола има намера да доведе уште тројца фудбалери од италијанската Серија А, пренесоа британските медиуми.
Во последното коло од Лигата на шампионите на 29 јануари, Манчестер сити ќе игра против Клуб Бриж кој е 20-ти на табелата со 11 бодови, додека „граѓаните“ се 25-ти со осум бода и ако сакаат место во плеј-офот за пласман во осминафиналето мораат да победат.