дома ја победи (3-2) со спектакуларен пресврт со два гола во екстра-времето, а по мечот се зборуваше за инцидентот меѓу тренерот и доскорешниот капитен . Двајцата имаа што да си кажат по последниот свиреж на судијата, а мораше да реагираат играчите на Милан ситуацијата да се смири.
Фудбалерите на Милан славеа со 3-2 на домашен терен против Парма во премиерниот меч од денешната програма од 22. коло во италијанската Серија А. „Росонерите“ губеа со 1-2 се до 92. минута, а пресвртот стигна на неверојатен начин во судиското надополнување.