Актуелниот италијански првак Интер во текот на викендот го победи Лече со 4-0 и ја продолжи потерата по Наполи за врвот на табелата во Серија А. Триумфот беше специјален за тренерот на „нераѕурите“, Симоне Инзаги кој на тој начин стигна до 200. победа во италијанскиот шампионат во кој, освен на Интер, беше и на клупата на Лацио.