Карло Анчелоти се соочува со големи проблеми во пресрет на неколкуте важни средби на Реал Мадрид, „кралевите“ најпрвин играат со Леганес во Копа дел реј, по што ги очекува градското дерби со Атлетико Мадрид, а потоа и првиот меч од Лигата на Шампионите против Манчестер Сити.
Карло Анчелоти ќе мора да ја „крпи“ одбраната во двата меча во Лигата на шампионите против Манчестер Сити, со оглед дека остана без услугите на Антонио Рудигер.